„Ќе им помогнеме на весниците да опстанат во време во кое што, таму каде што немаат поддршка од државата, сè потешко опстануваат“, рече на вечерашниот митинг во Кичево лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Груевски презентирајќи ја програмата вети субвенции за да ги остави весниците „во игра“.
„Ќе воведеме субвенции за весниците. Денес кога порталите сè повеќе добиваат на тежина и значење, весниците сè потешко преживуваат. По теркот на тоа што се прави во Германија, Франција или други држави, каде што државата ги субвенционира весниците за да опстанат. Владата од 2018 година ќе воведе субвенционирање на весниците по еден правичен критериум кој дополнително ќе биде објавен – рече Груевски.