Грција нема да ги протера одметнатите турски службеници

Врховниот суд на Грција соопшти дека е против екстрадицијата на двајца од осумте турски службеници – екипажот на хеликоптерот, кои Турција ги бара поради наводна вмешаност во обидот за воен удар во јули минатата година.

Во декември, Основниот суд го одби барањето на Турција за екстрадиција на петмина од членовите на екипажот, а за тројца го одобри, меѓутоа Врховниот суд предложи уште двајца да не и се испорачуваат на Турција.

Осуммината со воен хеликоптер побегнаа од Турција во Грција, еден ден после обидот за пуч, каде што побараа азил.

Сите осум службеници негираат каква било вмешаност во обидот за насилно сменување на власта.