Гутереш бара 35 милијарди долари за програма на СЗО за коронавирусот

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска побара нови 35 милијарди долари, вклучително и 15 милијарди долари во следните три месеци, за програмата „АКТ Акцелератор“ на Светската здравствена организација (СЗО) за поддршка на вакцини, лекување и дијагностика против Ковид-19.

Досега се собрани околу 3 милијарди американски долари, рече Гутереш на онлајн настан, нарекувајќи го „ситно финансирање“ кои изнесува помалку од 10 проценти од она што СЗО формално го нарекува Пристап до Ковид-19 алатки Акцелератор.

Финансиската поддршка досега заостануваше зад целите бидејќи нациите или владите, вклучувајќи ги и Европската унија, Велика Британија, Јапонија и САД, постигнаа билатерални договори за вакцини, принудувајќи ги Гутереш и генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус да побараат од земјите да дадат свој придонес.

– Сега ни требаат уште 35 милијарди долари за да се преминеме од придвижување кон зголемување и влијание, рече Гутереш.

– Без инфузија од 15 милијарди долари во следните три месеци, почнувајќи веднаш, ќе ја изгубиме шансата, додаде тој.