Далиќ: Ако даде Господ ќе бидеме светски прваци

LinkSense.mk

Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Златко Далиќ, вчера изјави дека неговата екипа заслужено се пласираше во финалето на Светското првенство и оцени дека она што го одиграле неговите играчи е „фантазија, за историја“.

„Заслужено сме во финалето. Им честитам на момчињата. Тоа што тие го одиграа е вистинска фантазија, за историја“, рече Далиќ во изјавата за ХРТ после натпреварот.

Хрватската фудбалска репрезентација се пласираше во финалето на Светското првенство, откако вчеравечер во Москва ја победи селекцијата на Англија со 2:1.

Хрватска за титулата светски првак ќе се бори против Франција.

„Им благодарам на навивачите! Не го кажавме последниот збор, одиме полека, сеуште не застанавме, уште еден натпревар е пред нас. Ако даде Господ, ќе бидеме светски прваци“, рече Далиќ.

Финалето Хрватска–Франција е на програмата во недела од 17 часот на стадионот Лужњики.