Данците – најактивни Европејци на социјалните мрежи

– Во Европската Унија, 57 отсто од граѓаните на возраст меѓу 16 и 74 години биле дел од социјалните мрежи минатата 2020 година, објави Евростат по повод Светскиот ден на социјални мрежи, што се одбележува денеска.

Во 2019 година, 54 отсто од граѓаните на ЕУ на возраст меѓу 16 и 74 години биле на социјалните мрежи. Според извештајот, оваа бројка во 2011 година, кога почна собирањето на овие податоци, била 36 отсто.

Меѓу членките на ЕУ, Данците минуваат најмногу време на социјалните мрежи (85 отсто од луѓето). По Данска, следат граѓаните на Белгија, Кипар, Финска и Унгарија (меѓу 74 и 79 отсто).

Кога станува збор за младите луѓе, на возраст меѓу 16 и 24 години, во просек, девет од десет лица имаат профили на социјалните мрежи, со 79 насто во Италија и 97 насто – во Данска. Меѓу постарите лица, на возраст од 65 до 74 години, само една петтина се на социјалните мрежи… Најмалку во Хрватска (10 отсто), а најмногу во Данска (60 отсто).

Учеството во социјалните мрежи вклучува активности како што се креирање кориснички профил, објавување текстуални пораки, споделувања и други занимливости.