Двајца загинати во земјотрес на Нов Зеланд

Две лица настрадаа во силниот земјотрес на Нов Зеланд и предизвика цунами чии бранови го погодија брегот на Јужниот остров.

Службите за цивилна заштита им наредија на жителите крај источното крајбрежје на земјата да се преместат во подрачја со повисока надморска висина.

Земјотресот чија јачина била со магнитуда од 7,8, меѓу саботата и неделата, околу полноќ по локално време, ја погоди областа во близина на градот Крајстчерч, на Јужниот остров.

new-zealand-zemjotres-5

Потресот предизвика штета и во престолнината Велингтон, град повеќе од 200 километри оддалечен од епицентарот, а информација за поголеми штети и повеќе жртви во самиот Крајстчерч сеуште нема, јавува агенцијата Асошијајтед прес.

Во истата област околу Крајстчерч беше и епицентарот на земјотресот со јачина од 6,3 во февруари 2011 година, во кој загинаа 185 лица.

new-zealand-zemjotres-2

new-zealand-zemjotres-4