Двајца загинати во сообраќајка кај Радовиш

Две лица загинаа, а десетина се повредени во директениот судир меѓу автобус и автомобил, што околу 18 часот се случи на патот Штип-Радовиш, кај Пилав Тепе

Автомобилот „мерцедес“, според првичните информации, преминал на спротивната коловозна лента и директно се судрил со автобус на „Струмица експрес“.

Возачот и сопатничката во „мерцедесот“ од здобиените повреди починале на место.

Повредените патници од автобусот биле пренесени во болницата во Радовиш од каде што се пуштени на домашно лекување.

Во тек е истрага за утврдување на причините што довеле до несреќата.