Две години од нападот врз студентите во библиотеката „Браќа Миладиновци“

На денешен ден во 2015 година, откако лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ги објави прислушуваните телефонски разговори за случајот со Мартин Нешковски, граѓаните револтирано излегоа на масовен протест пред зградата на владата.

martin-neskovski

Нешкоски беше момчето брутално претепано до смрт од страна на припадник на специјалните полициски сили „Тигри“ на плоштадот „Македонија“ во Скопје за време на одржување на прославата на изборната победа на владејачката политичка партија ВМРО – ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори во 2011 година.

Семејството на убиениот Нешкоски за неговата смрт дозна од медиумите дури два дена после неговото бруталното претепување.

Претепан до смрт, безживотното тело на Мартин неколку часа останало на клупа на плоштадот Македонија. Името на осомничениот, МВР го објави два дена подоцна, на 8 јуни.

Неколку месеци подоцна следуваше и обвинение против Игор Спасов, припадник на специјалната единица „Тигри“.

protest 2

Официјалните претставници на МВР во почетокот овој случај го прикриваа од јавноста, но серијата протести на млади луѓе низ улиците на Скопје, беа приморани да ги откријат (не)вистинските причини за инцидентот.

„Бомбата“ која пред точно две години ја презентираше Зоран Заев повторно ја отвори пандорината кутија за „случајот Нешкоски“.

Телефонските разговори изнесоа на виделина нови детали за убиството на 22-годишното момче, поради што незадоволството кулминираше.

Демонстрантитите го пробија полицискиот кордон и влегоа во дворот на владата, токму пред влезната врата. Но, набрзо беа истиснати од специјалните единици на МВР, па следуваа апсења.

protesti apsenje

Откако беше растерана групата демонстранти од пред Владата, полицијата упадна во библиотеката „Браќа Миладиновци“ во потрага по нив.

Образложението на полицијата беше дека никој не учи толку доцна.

Студентите кои спремаа испити во библиотеката беа удирани, шутирани и легнувани на земја.

Случувањата го започнаа серијалот на масовни протести кои подоцна го добија името „Шарена револуција“.