Деветти Самит на „Македонија 2025“

Во Скопје денеска во дигитална форма почнува деветтото издание на Самитот Македонија 2025. Во фокусот на самитот се економските реформи и заздравувањето на економиите, а се очекува вклучување на над 400 високи претставници на институции и организации, дипломати, извршни директори, претприемачи, членови на академијата и млади лидери.

Денеска е најавено учество на премиерот Зоран Заев. Тој заедно со ЕУ амбасадорот Дејвид Гир ќе учествува на панел сесијата на тема „Светот во време на криза: Економски реформи и глобални односи во ЈИЕ“. Најавено е онлајн вклучуввање и на амбасадорката на САД во земјава Кејт Мари Брнз.

На Самитот ќе стане збор за пандемијата и здравствената и економската криза, како неизбежни теми на сите собири и конференции, но ќе се стави акцент кон заздравување на економиите, економските реформи, како и претставување на успешни примери и најдобри практики кај компаниите од земјава и светот. Ќе се зборува за економските реформи и меѓународните односи за време на здравствената и економска криза, за тоа како да се изгради успешен бизнис во земја во развој, а ќе се дискутира и за моќта на компаниите со култура ориентирана кон луѓето.

Меѓу говорниците на Самитот ќе бидат: Енди Пејкоф, основач на најголемата компанија за вода во светот „Нијагара ботлинг“, една од најуспешните претприемачки во Канада со македонско потекло Сузан  Ничовски, Харди Пемхива извршен директор на „Еконет Глобал Лимитед“ во Јужна Африка, групација која се залага за градење одржливи бизниси со позитивен придонес кон општеството и многу други.

Во рамки на Самитот кој ќе трае до 3 декември, предвиден е и настан со претседателот Стево Пендаровски и успешните млади Македонци за иновациите и кодирањето.

Самитот ќе го отворат претседателката на Бордот на директори на Македонија 2025 Вера Ставроф и извршната директорка Микица Мојскоска Блажевски.