Дедо Мраз прими вакцина против грип

LinkSense.mk

Дедо Мраз, во рамки на подготовките за божиќните и новогодишните празници, во својот град Рованејми во Поларниот Круг прими вакцина против грип, изјави медицинската сестра Тија Кахконен задолжена за неговото здравје во пресрет на неговите претпразнични активности.

Главниот град на финската област Лапонија, за којшто приказната вели дека е дом на Дедо Мраз, секоја година периодов е домаќин на илјадници туристи, па така, лани на пример местото го посетиле 390.000 луѓе. Надлежните веќе распишаа конкурс и за споредните ликови кои секоја година го придружуват седиот старец со долга брада.

Шведска и Гренланд се во постојан спор со Финска околу тоа „каде живее вистинскиот Дедо Мраз“.