Делови од Карпош и Кисела Вода во понеделник без струја

Дел од корисниците од улицата „Букурешка“ во општина Карпош во понеделник, од 8.30 до 10.30 часот ќе останат без електрична енергија.

Во периодот од 9 до 15 часот без струја ќе бидат и дел од жителите од улицата „Дичо Петров“ во општина Кисела Вода.

Прекините, според информациите добиени од Републичкиот центар за управување со кризи, се поради инвестиции во електросистемот.