Дел од Ѓорче Петров без вода

LinkSense.mk

Без вода денеска од 10 часот се дел од жителите во Ѓорче Петров, од улиците „Лихнида” и „Воин Драшкоци”.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, прекинот е поради изведување водоводен приклучок ф-150 милиметри.

Вода нема да има се до завршување на работите и целосно санирање на дефектот.