Денес изминува рокот за распишување на локалните избори

Рокот за распишување на локалните избори истекува денес. Судејќи според се, според она како течат работите, локалните избори најверојатно ќе се одложат на што ќе предходи промена на Изборниот законик.

За да се запази законската постапка Собранието треба да ја продолжи Конститутивната седница, да избере претседател и тој да распише локалните избори за градоначалници и советници кои треба да се одржат во првата половина на мај.

Од денот на распишувањето до денот на одржувањето на изборите не може да поминаат повеќе од 90 дена ниту помалку од 70 дена.

Право да распише избори има само претседател кој е изгласан од најмалку 61 пратеник од актуелниот парламентарен состав.

Парламентарните партии кои формираа мнозинство, СДСМ, ДУИ, Беса и Алијансата за Албанците, очекуваат претседателот Ѓорге Иванов да ја промени одлуката и да го даде мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, очекува одржување на локални и парламентарни избори одеднаш.