Ден на жалост во Северна Македонија и Бугарија за жртвите од автобуската несреќа

LinkSense.mk

Во Северна Македонија денеска е втор ден на жалост за трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија во која загинаа 46 лица додека седуммина беа повредени, главно македонски државјани. Македонската влада вчера прогласи тридневна жалост во текот на која знамето на Северна Македонија е на половина копје низ целата држава, како и на дипломатски мисии во странство.

Во тридневната жалост сите јавни настани се одложени, а медиумите ја прилагодуваат програмата со соодветна содржина во согласност со денот на жалост.

Денеска е ден на национална жалост и во Бугарија. На овој начин им се оддава почит на жртвите од двете трагедии – пожарот во дом за стари лица во село Ројак кај Варна во кој загинаа девет лица и тешката автобуска несреќа на автопатот Струма.