Десет прехранбени намирници за долговечен живот

LinkSense.mk

Пет подрачја во светот ја имаат најголемата концентрација на стогодишници. Се работи за така наречени „сини области“ – Сардинија кај Италија, Окинава (Јапонија), Икарија (Грција), Никоја (Костарика) и Лома Линда во Калифорнија (САД). Во секоја област се консумира различна храна уникатна за луѓето таму, но сепак, може многу да се научи од нивниот начин на живот и секојдневната исхрана, за да се види што сѐ ги прави поздрави.

Авокадото, кое има долг список здравствени придобивки, е особено популарно во градот Лома Линда. Според статија на „Нејшнал џиографик“, авокадото помага во намалување на холестеролот и содржи 30 отсто повеќе калиум од бананите. Утврдено е и дека авокадото помага во контрола на тежината и ја намалува опасноста од дијабетес тип 2.

Гравот е основна храна во повеќето „сини области“ оти обезбедува корисни количини влакна и други хранливи материи кои помагаат во борбата против повеќе болести. На пример на островот Икарија, познато е дека гравот има антиканцерогени и антидијабетични својства, а здрав е и за срцето. Во заедницата Никоја секојдневно се јаде и црн грав, често со тортиљи од ориз и пченка. Црниот грав содржи големи количини влакна и антиоксиданси.

На јапонскиот остров Окинава, луѓето редовно јадат лук. Според науката пак, лукот е еден од „најмоќните лекови на природата“ и се поврзува со помала опасност од болестите на староста. Поточно, според напис на „Антиоксиданс“ овој зеленчук има антиоксидантни и антиинфламаторни својства и е познато дека помага во спречување одредени видови рак, дијабетес и кардиоваскуларни болести.

Белиот компир е основна храна за луѓето на Икарија, а виолетови компири редовно се консумираат на Окинава. Виолетовите слатки компири содржат фитохемикалии наречени антоцијани, за коишто е познато дека помагаат во спречувањето болести. Слаткиот компир е богат и со витамини А, Б-6, Ц, калиум и растителни влакна. Сѐ тоа помага во одржуувањето низок крвен притисок.

Икарјаните користат и маслиново масло, секојдневно. Списанието „Нутриентс“ објавува дека екстрадевственото маслиново масло има долг список докажани здравствени придобивки, што ги прави многу луѓе во Средоземјето – најздравите луѓе во светот.

Лососот и другите масни риби обично ги јадат адвентистите во Лома Линда. Овој вид храна содржи високо ниво на омега-3 масни киселини, за кои се знае дека помагаат за здравјето на срцето и ја намалуваат опасноста од срцеви болести, како и воспаленија.

На Сардинија, луѓето јадат и пијат производи од козјо млеко, леблебии, сомун, како и т.н. леб од кисело тесто. Овој леб се прави од цело зрно пченица и живи лактобакцили. Според „Нејшнал џиографик“, печењето кисело тесто потоа помага во претворањето на шеќерот во млечна киселина. Таа пак, го намалува гликемискиот индекс, што значи ситост подолго време и стабилно ниво на шеќер во крвта.

Доматот содржи ликопен, антиоксиданс познат по своите антиинфламаторни својства, како делотворно средство против крвниот притисок, метаболичкиот синдром и мозочен удар. Тука е и антиканцерогениот бета-каротен.

 

 

МИА