Досега попишани 137.111 македонски државјани од дијаспората

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека досега се попишале 137.111 нашинци во дијаспората, а само последниот ден 7.102 македонски државјани.

„Се надеваме дека ова темпо на попишување ќе продолжи сè до крајот на спроведувањето на операцијата на 21 април. Ги покануваме сите наши иселеници да ја искористат можноста и да одговорат на прашањата во апликацијата. Одвојте 10-ина минути од вашето драгоцено време за да бидете дел од сликата за Република Северна Македонија“, велат од Државниот завод за статистика.

За сите нејаснотии во врска со методологијата на попишувањето или какви било технички проблеми, од Државниот завод за статистика велат дека им стојат на располагање со отворените линии за комуникација достапни на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk.