Димитров оди во работна посета на Хрватска

LinkSense.mk

По Германија и Словенија, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска ќе престојува во работна посета на Хрватска каде ќе биде примен од хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, а ќе се сретне и со министерот за надворешни работи Горан Грлиќ-Радман.

На средбите, како што информираат од СЕП, Димитров ќе разговара за зацврстување на хрватската поддршка за процесот на проширување на ЕУ со Западен Балкан, по вложените напори за време на хрватското претседателство кога Македонија ја доби одлуката за почеток на пристапните преговори.

Ќе бидат разгледани и областите за зајакнување на традиционално блиската билатерална соработка за успешно спроведување на европските реформи и конкретната поддршка на Секретаријатот за европски прашања во таа насока.