ДНЕВЕН ХОРОСКОП: На Ракот му претстои неповолен ден, на Вагите им треба одмор

LinkSense.mk

Дознајте што предвидува вашиот дневен хороскоп за вторник, 17 јануари, што ве очекува на работа, во љубовта, дали ќе се разберете со семејството, како ќе ве служи здравјето …

Овен

Вашата концентрација не е на завидно ниво. Најмногу размислувате за уживање со саканата личност и за егзотични патувања. Со духот сте далеку од вашето место на живеење, па би било пожелно на крајот на денот да се симнете од облаците, во спротивно, ќе ви следи болно враќање во реалноста.

Бик

Транзитите ви носат шанса вашите идеи, кои досега беа несфатени, конечно да ги претставите на најдобар можен начин и да ја добиете поддршката од соработниците, од кои тоа најмалку сте го очекувале. Дневниот хороскоп ве предупредува – Пазете се од повреди, а особено внимавајте во сообраќајот.

Близнаци

Се обидувате да започнете одново. Вие сте личност создадена за нови проекти, но, овој ден не е поволен за тоа. Одложете ги важните одлуки Близнаци, особено ако сте во искушение да ја прекинете соработката со луѓе за кои, до денес, имавте одлично мислење.

Рак

Иако се изгледа ветувачко, не е поволен ден за договори и какви било трансфери. Денешниот хороскоп сугерира – Одложете сè за некое време, бидејќи ако сега започнете нови преговори, може да ве чекаат големи компликации. Во моментов, надвор од вашиот домет се информациите кои се од клучно значење за вашиот проект.

Лав

Конечно би можеле да ја донесете одлуката што ја одложувавте толку долго. Кога еднаш ќе пресечете и ќе се победите себе си и својата неодлучност, ќе сфатите колку убавина има во преземањето одговорност. На овој начин давате слобода и на себе и на партнерот.

Девица

Соберете храброст да им кажете на членовите на семејството за вашите намери. Ситуацијата е можеби непријатна, но искреноста ќе ви се исплати. Девици, не е се така црно како што сега ви изгледа. На крајот ќе добиете поддршка која сега воопшто не ја очекувате.

Вага

Мала пауза многу ви значи. Краткорочното полнење со позитивна енергија е поддржано од вниманието на саканата личност која денеска несебично ве опсипува. Ваги, уживајте во вашата скапоцена пауза, ќе ви треба многу кондиција за обврските кои претстојат.

Шкорпија

Постои шанса вашата желба за промена на работното место да ви се оствари. Водете сметка, мора да бидете свесни, дека ако го направите ова, после тоа влегувате во сосем нов живот после што нема враќање на старото. Хороскопот ве советува да размислите дали тоа е она што навистина го сакате.

Стрелец

Доколку вашата нервоза и напнатост ја пренесувате на партнерот, големи се шансите кризата да ја префрлите и во вашата околина. Со помош на член од семејството ќе го вратите оптимизмот, иако реалната ситуација сепак бара голема претпазливост.

Јарец

Правите компромис таму каде што не му е местото. Робувате на некои верувања кои не се рационални. Доколку денес не го слушате советот на еден ваш пријател, сето ова би можеле да го дознаете на непријатен начин. Слушајте го дневниот хороскоп – Верувајте во добродушноста на другите луѓе.

Водолија

Ќе ви се укаже шанса за активности кои може да ве доведат до идеја да започнете приватен бизнис. Заладените односи со шефовите и лошата атмосфера ќе родат тим од луѓе со кои можете да планирате независен бизнис.

Риби

Крајот на еден циклус на работа ќе ве направи многу горди. Вашиот удел е голем, а како награда на правеното очекувате материјална награда. Без разлика на вашите вистински заслуги, Риби, бидете подготвени на фактот дека финансиската добивка нема да биде сразмерна со вложениот труд.