Дожд ја „зароби“ Риека

Заради обилни врнежи од дожд којшто паѓаше денеска во Хрватска, Риека е под вода. Врнежите предизвикаа и бројни проблеми.

Движењето низ градот дополнително беше отежнато и поради силниот ветер заради што беа откажани и многу траектни линии по Јадранско море.

Не е во функција моментно ниту бродскиот сообраќај.