Документите од разводот меѓу Бред Пит и Анџелина Џоли достапни за јавност

Судијата во Лос Анџелес го отфрли барањето на американскиот глумец Бред Пит детали од неговиот договор со Анџелина Џоли за времено старателство над децата да не бидат познати на јавноста.

Бред Пит побара итно сослучување за средата во намера да ги „запечати“ документите во неговиот случај, но судијата тоа го отфрли.

Тој поднел барање два дена откако медиумите го обелоденија договорот кој кон крајот на октомври го постигна со Анџелина Џоли во рамки на бракоразводната парница.

Со спогодбата е предвидено американскиот глумец да ги посетува децата под надзор на терапевт.

deca

Пит има намера наскоро да побара времено старателство, а со барањето документите да не бидат достапни за јавноста сакал да ја заштити приватноста на децата, наведува агенцијата АП.

Анџелина Џоли поднесе барање за развод во септември барајќи само старателство врз децата, со право на посета на Бред Пит.

Нејзините адвокати навеле дека барањето на Пит претставува обид да се заштити од срамните детали кога ќе бара поголем број посети на децата, додавајќи дека тоа е спротивно на препораките на терапевтот.

Анџелина Џоли и Бред Пит се венчаа во 2014 година, а заедно се од 2004-та.

Двојката има шест деца, на возраст од осум до 15 години.

razvod-3