Дојава за бомба го испразни аеродромот во Букурешт

LinkSense.mk

Романските надлежни служби ја проверуваат пријавата за бомба во еден од авионите на аеродромот во Букурешт.

Патниците се евакуирани од авионот но и од аеродромската зграда.

„Утринската дојава за бомбата на меѓународниот аеродром Хенри Коанда во Букурешт е лажна“, објави пред малку Националната аеродромска компанија.

Закана со бомба во авион на Луфтханза, кој требало да полета од меѓународниот аеродром Хенри Коанда во Букурешт, била пријавена утринава. На летот LH 1655 за Минхен ЕТД во шест часот имало 130 патници.

И покрај пријавата, авиосообраќајот на меѓународниот аеродром се одвивал без пречки.