Авион на германската авиокомпанија „Луфтханза“ е пренасочен на меѓународниот аеродром „Џон Кенеди“ поради закана дека во леталото се наоѓа бомба.
Аеродромската служба наведе дека авионот на летот 441 од Хјустон во американската сојузна држава Тексас, кој леташе за Франкфурт во Германија, слета на њујоршкиот аеродром после дојавата во „Луфтханза“ дека во латалото се наоѓа бомба.
На пилотот во авионот му е наложено да слета во Њујорк од претпазливост, а сите 530 патници и членови на екипажот се евакуирани веднаш по слетувањето.
Полицијата не пронашла ништо сомнително во авионот и во багажниот простор.
Се очекува за извесно време авионот да го продолжи летот.
Инцидентот не влијае на редот на летање како ни на другите активности на њујоршкиот аеродром.