Драматично е во Кабул: Талибанците пукаат на луѓето што сакаат да влезат на аеродром

Додека илјадници луѓе се обидуваат на разни начини да стасаат до аеродромот и до некој од авионите на него за да побегнат од Кабул и Авганистан, Талибанците решија дополнително да им ги отежнат маките.

Се појавија снимки како вооружени Талибанци пукаат во луѓе кои сакаат да го прескокнат ѕидот и на тој начин да влезат на аеродромот.

До своевидно стампедо дојде кога се пренесоа гласини дека странските авиони ги одведуваат патниците и без визи.

Од друга страна многу се рашири стравот од талибанска репресија затоа што Талибанците почнаа да заведуваат своја визија на шеријатот – на жените им е место во куќата, забрането им е образованието и излегувањето на улица без машка придружба.

Исто така, припадниците на ова движење одат од врата на врата и проверуваат дали има оружје, кое го одзимаат, или трагаат по противниците кои ги чека сигурна и сурова смрт.

(Фото: АП)