Драма во Лондон: Избодени двајца полицајци, еден тешко повреден

LinkSense.mk

Двајца полицајци се избодени со нож во центарот на Лондон во раните утрински часови, еден е тешко повреден, пренесува „Дејли мејл“.

Полицијата соопшти дека двајца полицајци биле нападнати во областа Хајмаркет во градот. Двајцата се повредени, еден е хоспитализиран.

Извор за весникот изјавил дека еден полицаец бил прободен со нож во вратот, но полицијата се уште не го потврдила тоа.

Се чека официјално соопштение од Скотланд Јард.

 

 

 

 

 

(Фото: АП)