Драма во Прага: Со закана со бомба принудно спуштен полски авион

LinkSense.mk

Чешката полиција совлада и уапси патник поради чија закана со бомба вечерва во Прага принудно слета авион на полската чартер компанија „Ентер ер“ на летот од Шпанија во Варшава, соопшти чешкиот министер за внатрешни работи Милан Хованец.

„Патникот викаше дека има бомба и дека ќе ја активира. Веруваме дека попрво станува збор за исчашен човек отколку за терористички напад. Сакам да се заблагодарам на полицијата на професионалниот пристап, добро е што вака се заврши“, рече Хованец.

Уапсениот патник е Полјак, како и повеќето од вкупно 160-те патници кои беа евакуирани од авионот, а патот за Варшава, според Хованец, ќе биде продолжен утре.

После отприлика половина час колку што беше затворен прашкиот меѓународен аеродром, иако авионот принудно слета на неговиот стар дел кој се користи за воени летови и летови на официјални лица, Аеродромот „Вацлав Хавел“ повторно е отворен.