Државната видеолотарија успешно ги реализира своите цели

И во месец јули, тимот на Државна видеолотарија остана посветен на реализирањето на нашата визија. Под слоганот „Играј за забава, играј одговорно“ реализирани се неколку цели, со кои се придонесе кон создавањето подобро општество за сите.

Со донација беше подржан Центарот за младински активизам „Крик“. Младата и амбициозна екипа на „Крик“, заедно со Сојузот на извидници на Македонија, во периодот од 16 до 21 јули годинава во извидничкиот центар во Охрид, имплементираа инклузивни кампови. Камповите нудеа бројни активности за млади и лица со попреченост.

Исто така, со донација беа обезбедени таблети за ЈЗУ Универзитетската Клиника за детски болести, кои треба да им го олеснат болничкиот престој на дечињата кои се лекуваат на клиниката.

Годинава Државната видеолотарија ја продолжи соработката со автомобилскиот шампион Игор Стефановски – Иџе.

Со поддршката, тие настојуваат да придонесат во реализирање на неговите професионални заложби, за успешно меѓународно претставување на нашата земја во светот на автомобилкиот спорт.

Тимот на Државна видеолотарија останува посветен и на нивните играчи, но и нивното задоволство. Во јули постигнати се 11 Милионер џек пот добивки во вкупна вредност од 16.076.462 денари.

Пред извесно време почна реализација и на стратегијата за одговорно играње. Во рамки на стратегијата, Државната видеолотарија ги едуцира играчите за одговорно играње.

Паралелно со тоа, активна е СОС линијата на која може да се добијат бесплатни совети за одговорно играње.