Дуда: Ќе избие Трета светска војна ако НАТО не реагира трезвено

LinkSense.mk

Полскиот претседател Анджеј Дуда испрати предупредување до тие кои бараат ангажман од НАТО и воена помош за Украина, со тоа што посочи дека Алијансата мора да реагира внимателно бидејќи во спротивно ќе избие Трета светска војна.

„Очигледно НАТО не е во војна бидејќи тоа може да значи Трета светска војна. НАТО мора да дејствува трезвено и претпазливо. Путин исто така дејствува претпазливо. Имајте предвид дека тој не ја напаѓа западна Украина, таму нема руски војници, рече полскиот претседател во интервју за провладиниот неделник Сјеќи, пренесува Бета.

Според полскиот претседател, претпазливоста на Путин произлегува од стравот од судир со единиците на НАТО во случај некоја граната да ја премине границата и да удри на полска територија.

„Тоа би значело ставање на сите сили на НАТО во состојба на готовност веднаш. Путин исто така го знае тоа. Дали тоа би значело војна? Денес е тешко да се теоретизира. Ситуацијата во Студената војна се враќа, кога двете страни стравуваа од инцидент што ќе доведе до целосен конфликт, изјави претседателот Дуда.

Полскиот претседател оцени дека од воено-политички аспект Украинците веќе ја добиле оваа војна.

„Ако го споредиме она што го знаеме за руската и украинската армија, ова не требаше да траат долго. Не подолго од два или три дена. Благодарение на храброста, решителноста и искуството на Украинците, тие сепак успеаја да ги спречат Русите.

Имаат поддршка – политичка, материјална и морална, но тие се борат „НАТО не е во војна, тие се борат“, рече полскиот претседател.