Евакуација во Народната банка по дојава за поставена бомба

LinkSense.mk

Во Народната банка во тек е евакуација на вработените откако утрово на електронска адреса била примена закана за поставена бомба во објектот. Министерството за внатрешни работи го потврди случајот.

Станува збор за прва закана за поставена бомба во институција која не е образовна. Досега пријавите беа за бомби во средни училишта.

Припадници од Одделот за антитероризам при МВР, во моментов, вршат проверки на просториите во НБРМ.