Евидентирани 121 520 лица преку апликацијата за самопопишување

– Преку апликцијата за самопопишување заклучно со 08.30 часот изутрина се евидентирани вкупно 121 520 лица.

Процесот на самопишување почна на 1 март и ќе трае до 21 април, а преку апликацијата се попишуваат македонските државјани кои престојуваат во странство, поради работа или други лични причини, до и подолго од 12 месеци.

Од 1 март се попишуваат и дипломатите и нивните семејства, а од 1 до 15 март се попишуваа лицата кои се наоѓаат во служба на Армијата на РСМ, во државата или во странство, лицата во притвор или на издржување казна затвор во затворите, казнено поправните установи и воспитнопоправните домови, како и бездомниците.

Пописот на населението, домаќинствата и становите, пак, треба да се спроведе од 1 до 21 април.