Европа зафатена од поларен студ

LinkSense.mk

На планините на Босна и Херцеговина измерени се минус 27 степени, што е најниска температура на Балканот.

Студен бран деновиве го зафати и брегот на Јадранското море.

Во Сплит беше измерена температура од минус 7 степени, што е најниска во последните 50 години.

zima-6

Последна ваква поларна температура имаше во јануари 1963 година. Тогаш биле измерени минус девет.

Поради ниските температури и силните бури замрзна морето кај полуостровот Свети Петар.

Во реонот на Макарска дува ветер со брзина од 90 километри на час, а температурата се спушта до минус седум степени.

Во две села во Германија измерени се температури од – 26, додека во Берлин термометарот покажуваше минус 15.

zima-3

И Швајцарија е погодена од поларен студ. Во Давос измерени се -19, а во Берн -16 степени.

Ниски температури измерени се и во Грција. Во Солун утринава беше минус седум, а за утре метеоролозите предводуваат дека ќе биде минус 10.

Во Атина температурата е околу нула, а во северните делови живата се спушти на 15 степени под нулата.

Студениот бран ги зафати Полска, Белгија и Италија, каде поради ниските температури има човечки жртви.

zima-2

Во Италија вчера од премрзнатост починаа шест лица. Во делови од земјата летовите се пренасочени, а патниот и железничкиот сообраќај се во прекин.

Московјани имаат најстуден Божик во последните 120 години.

Таму вчеравечер беа измерени минус 30 степени.

zima-5

Во Турција врнежите од снег го блокираа Истанбул.

Поради лошите временски услобви откажани се 500 авионски летови, а во прекин е и поморскиот сообраќај.

Снежната покривка во градот на Босфор достигна до 40 сантиметри.

zima-4