Европските берзи различни, Волстрит во плус, а златото поскапо

Акциите на европските берзи забележаа денеска различни резултати, додека на Волстрит тие пораснаа.

Во Европа, германскиот индекс ДАКС 30 порасна за 0,2 отсто, лондонскиот ФТСЕ 100 падна за 0,1 отсто, додека францускиот КАК 40 стагнираше, пренесува агенцијата АП.

На Волстрит, широкиот индекс С&П 500 зајакна за 0,1 отсто, на 2.631 поен, индустрискиот  Дау Џонс за 0,2 проценти, на 24.188 поени, а технолошкиот Насдак за 0,2 отсто, на 6.791 поен.

Еврото скокна на 1,1795 долари од вчерашните 1,792 долари, фунтата на 1,3413 долари од 1,3375 долари, а доларот на 112,65 јени од 112,28 јени.

Цената на златото порасна за 9,30 долари, на 1.256,80 долари за унца, среброто поевтини за 11 центи, и сега тоа чини 15,85 долари за унца, а бакарот поскапе за два цента, на 2,98 долари за фунта (нешто помалку од половина килограм).

Американската „лесна нафта“ поскапе за 39 центи, на 56,35 долари за барел, додека северноморската „брент“ нафта поскапе за 55 центи, на 61,77 долари за барел.

Во Азија, јапонскиот индекс Никеи порасна за 1,4 отсто, а хонгкошкиот Ханг Сенг за 0,3 отсто, наведува АП.