ЕВРО 2020: Нерешено на двете последни средби од групната фаза

Со два нерешени исхода во третото коло од Х-групата, завршија натпреварите од групната фаза на Европското фудбалско првенство 2020.

Вчера во дербито одиграно во Будимпешта, Франција и Португалија одиграа 2:2.

Со истиот резултат заврши средбата во Минхен, Германија – Унгарија.

По овие резултати Франција е прва со пет бода, Германија и Португалија имаат по четири, Унгарија е елиминирана како последно пласирана во групата со два освоени бода.