Еден процент од населението поседува 45,6 отсто од светското богатство

LinkSense.mk

Вкупното светско богатство во 2021 година порасна за 9,8 отсто и достигне 463,6 милијарди долари.

За ова највеќе допринесоа Соединетите Американски Држави со учество на повеќе од половината од вкупното зголемување на богатството, додека Кина придонесува со една четвртина.

Во меѓувреме, Африка, Европа, Индија и Јужна Америка заедно сочинуваа само 11,1 отсто од растот на глобалното богатство во 2021 година, се наведува во извештајот објавен денеска од „Кредит Свис“.

Најбогатиот еден отсто од планетата продолжува да акумулира 45,6 отсто од богатството во 2021 година, пишува „Ел Паис“.

Извештајот на „Кредит Свис“ предвидува дека оваа мала група ќе продолжи да расте и тоа: бројот на милионери (богатство поголемо од еден милион долари) ќе достигне 87 милиони, а бројот на ултра богати (со нето вредност поголема од 50 милиони долари) ќе достигне 385.000, во следните пет години.

Во основата на пирамидата се оние кои лани имале капитал помал од 10.000 долари и кои претставуваат 53 отсто од светската популација.

Во поглед на растот, двете најуспешни економии се САД и Кина, и двете со стапка на раст од околу 15 проценти.

На дното е Европа, која порасна само 1,5 отсто во 2021 година, но ја акумулира втората најголема маса на богатство зад САД и пред Кина.

Во прогнозите за следните пет години, извештајот предвидува дека земјите со средни приходи ќе бидат главниот мотор на светската економија, со 42 отсто од глобалниот раст.

Што се однесува на распределбата на богатството, извештајот тврди дека во текот на овој век глобалната нееднаквост се намалила, поттикната од забрзаниот раст на пазарите во развој.

Во прилог на таа претпоставка говори и податокот дека сегментот на оние со богатство меѓу 10.000 и 100.000 долари најмногу пораснал од почетокот на векот (од 504 милиони на 1.800 милиони поединци).

Во извештајот на „Кредит Свис“, 2021 година се смета за добра година за финансиите.