Експлозија близу аеродромот во Каиро

LinkSense.mk

Силна експлозија се случи утринава во близина на меѓународниот аеродром во египетскиот главен град Каиро, пренесуваат светските медиуми.

Како што се наведува, до инцидентот дошло кога експлодирал магацин за гориво во непосредна близина на аеродромот.

Засега нема информации за евентуални повредени или загинати лица. Не се знаат ниту причините што довеле до експлозијата.

Летовите од тој аеродром моментно се одложени.