Експлозија во погон за пиротехника во Мексико, повредени најмалку 60 луѓе

Најмалку шеесет луѓе се повредени во експлозија во Мексико, кога експлодира фабрика за пиротехника.

Експлозијата се случи вчеравечер на околу 40 километри северно од Мексико Сити.

Екипи на Итна медицинска помош, протипожани единици и екипи на полицијата веднаш стасале на местото на настанот.

Во тек е истрага за утврдување на причините што довеле до експлозијата и за утврдување на висината на направената штета.