Емиратите бараат стратегија за Блискиот исток

Соединетите Арапски Емирати, стратешките сојузници на Вашингтон, побараа од новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да усвои „сеопфатна стратегија“ за решавање на разни судири на Блискиот исток.

„Значењето и влијанието на Вашингтон за нас е поважен од кога и да е“, изјави шефот на дипломатијата на САЕ, Анвар Гаргаш и додаде дека е неопходна сеопфатна стратегија за решавање на регионалните прашања на Блискиот исток отколку „изразување на неодредени ставови“ за тоа.

Според неговите зборови, ангажирањето на САД во регионот се гледа како нешто позитивно, додека нивното повлекување би било контра-продуктивно.

Односите меѓу САД и заливските земји се значајно заладени откако американскиот претседател Барак Обама се заложи за постигнување на спогодба за нуклеарна програма за шиитскиот Иран, регионалниот противник на сунитските земји.