Енергетската криза не запира, државите се враќаат на фосилните горива

Државите ги зголемуваат резервите на фосилни горива, а тоа е потег кој најавува скок на глобалната емисија на јаглен – диоксид и претставува нова „закана“ на целта на Париската спогодба за ограничување на глобалното зголемување на температурата на 1,5 степени Целзиусови.

Од сруга страна, Кина, Индија и другите економии во развој ја поттикнуваат побарувачката за јаглен, а дури и Соединетите Американски Држави се подготвени да ја зголемат потрошувачката на највалканото фосилно гориво, првпат за речиси десет години, покажуваат прогнозите на Меѓународната агенција за енергија.

Светските емисии на јаглен диоксид го достигнаа максимумот пред почетокот на пандемијата со ковид-19, а тогаш во текот на 2020 е забележан најголем годишен пад уште од 1965 година, покажуваат истражувањата. Ослободувањето на гасови со ефект на стаклена градина оваа година до август беше само еден процент помалку отколку во истиот период во 2019 година, покажуваат податоците на „Карбон монитор“, група која се занимава со следење на емисиите, пишува Блумберг.

Прогнозата за рекордни емисии е лоша позадина на ЦОП 26, за климатските дискусии, која ќе се одржи во Глазгов, Шкотска, во ноември оваа година. Обединетите нации апелираат на земјите да достават амбициозни планови, кога станува збор за емисиите, до почетокот на дискусијата на која се очекува да учествуваат официјални лица од речиси 200 држави.

Дали емисиите ќе достигнат нови рекорди – веројатно ќе зависи од времето, смета Стивен Џеј Дејвис, професор од Универзитетот Калифорнија и еден од водечките луѓе во групата Карбон Монитор.

„Фосилните горива кои се користат за загревање на згради можат многу брзо да го надоместат тој еден процент, ако е ладно.“

Енергетската криза е концентрирана во секторот за производство на електрична енергија. Недостатокот на природен гас и електрична енергија се посебно остри во Кина и Велика Британија. Емисиите на производителите на електрична енергија веќе пораснаа за 2,2 отсто на глобално ниво во периодот од јануари до август во однос на истиот период во 2019 година, поттикнати од зголемувањето во Кина, Индија и Бразил, покажуваат податоците на Кербон монитор.

Но на многу места, испуштањата на јаглен диоксид од повеќето главни извори на пат се да бидат пониски отколку во 2019 година, затоа што фабриките на јаглен се затворија, а повеќе соларна енергија доаѓа во мрежите.

Емисиите во Европската унија и Велика Британија во текот на првите осум месеци од оваа година се намалени за 4,7 отсто во споредба со истиот период во 2019 година, истакнуваат од групата, која своите проценки ги темели на производството на електрична енергија, индустриската активност, копнениот транспорт, домашниот и меѓународниот авио-сообраќај и станбената побарувачка. Во САД паднаа за 3,5 отсто.

Уште еден фактор кој би можел да го поттикне растот на емисиите е новиот скептицизам кон обновливите извори на енергија под влијание на енергетската криза. Пореметувањата во последниве неколку недели ја покренаа дебатата за влијанијата на светската транзиција на чиста енергија. Додека некои доказите ги гледаат во „испрекинатоста“ на енергијата од ветар и соларна та енергија, други во еквивалентот, ако не и поголемата слабост заради екстремните промени на цената и нестабилностите предизвикани од прекините во ланците на снабдување со фосилни горива и зависноста од „петрол-државите“ како што е Русија.

Мене ме загрижува погрешната перцепција дека моментната енергетска криза е предизвикана од обновливите извори на енергија, како и политиките кои ги фаворизираат обновливите извори“, вели аналитичарот на „Блумберг НЕФ“, Али Изади.

Рационалниот одговор на повисоките цени на фосилните горива, како и повеќето емисии, би било забрзување на обновливите извори“, заклучува тој.

Либанската електроенергетска мрежа вчера е потполно угасена, откако две главни електрани останаа без горива, соопштија локалните медиуми.

Либанската мрежа за електродистрибуција денеска на пладне потполно ја запре работата и веројатно нема да функционира до следниот понеделник“, изјавил владин претставник за Ројтерс.

Електраните Демир Амара и Ал Захрани престанаа со работа откако се потрошиле резервите со дизел, а производството на енергија падна под 200 мегавати. Во петокот прво запрела електраната Деир Амара, а од вчера не е во погон и термоелектраната Захрани.

Државната електродистрибуција ќе се обиде да го искористи горивото од војската за привремено покренување на електраните, но тоа, според информациите добиени од владиниот претставник, нема да се случи во скоро време.

Недостатокот на струја ќе потрае најмалку неколку денови“, додава Ројтерс цитирајќи го својот извор.