„Ербас“ гради авион со ниска емисија на јаглерод

Европскиот воздухопловен концерн „Ербас“ сака да го изгради првиот авион со ниска емисија на јаглерод кој би требало да биде пуштен во промет до 2035 година, соопшти извршниот директор на компанијата Гијом Фори во Хамбург.

Тој рече дека авионот би можел да биде хибриден, што значи дека би летал на „комбиниран погон“, на класично гориво и струја, или како гориво би можел да користи водород или друго климатски неутрално гориво.

Патем, додаде дека развојот на потребната технологија сеуште е во зародиш и дека во прашање е многи сложен процес кој ќе трае со години или дури и децении.

„Авионскиот промет произведува 2,5 отсто од глобалната емисија на јаглен диоксид. ‘Ербас’ е свесен за својата одговорност и успеа значително да ја намали потрошувачката на гориво по патник благодарение на лесните авиони со моќни мотори“, вели Фори и истакна дека еколошки прифатливите летови се главен приоритет на таа компанија.