Ердоган планира состаноци со Путин и Трамп во Париз

LinkSense.mk

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека планира да се состане и со рускиот и со американскиот колега, Владимир Путин и Доналд Трамп, за време на посетата на Париз овој месец.

„Меѓународниот состанок ќе се одржи на 10 и 11 ноември во Париз, а ќе учествува и Трамп. Ќе имаме можност да се соочиме лице в лице и да разговараме за различни прашања. Можен е разговор во истиот  формат и со Путин, рече Ердоган на прес-конференцијата во Анкара.