Ердоган фрли клетва на Австрија

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека ја проколнува австриската Влада откако го крена израелското знаме во австриските федерални министерства.

-Ја проколнувам австриската Влада што го закачи израелското знаме на зградата на администрацијата на канцеларијата. Кревањето на знамето на терористичка држава на своја државна зграда значи идентификување со теророт. Австрија очигледно се обидува да ги принуди муслиманите да платат за геноцидот што го изврши врз Евреите, рече Ердоган во Анкара.

Како што претходно изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц, израелското знаме беше кренато на кровот на федералната зграда на канцеларот во знак на солидарност, бидејќи „терористичките напади врз Израел заслужуваат најостра осуда“.

По зградата на канцеларот, израелското знаме беше кренато и од австриското Министерство за надворешни работи, изразувајќи силна  поддршка за безбедноста на Израел.

Ситуацијата на границата меѓу Израел и Појасот Газа ескалираше вечерта на 10 мај.

Од почетокот на ескалацијата на конфликтот, од палестинската енклава врз израелска територија се истрелани 3.350 ракети, а околу 500 паднаа во енклавата. Ефикасноста на системот за ПРО “Железна купола” е 90 проценти.

Според последните информации, во Израел загинале 10 лица, а околу 50 се тешко повредени. Израел,пак, изврши стотици напади врз појасот Газа како одговор на палестинските ракети. Бројот на загинати Палестинци во израелските воздушни напади достигна 220, а меѓу жртвите има и 58 деца.