Еурофарм Пелистер–Вардар во финалето на ракометниот турнир во Струга

Екипите на Еурофарм Пелистер и на Вардар ќе играат во финалето на 48. издание од Меѓународниот ракометен турнир во Струга.

Ова е епилогот по трите саботни натпревари во четвртиот натпреварувачки ден.

Двата финалисти групната фаза ја завршија со максимални три победи.

Постигнати резултати:

Охрид–Еурофарм Пелистер 2 26:22

Струга–Еурофарм Пелистер 16:28

Вардар–Бутел 25:17.

Покрај финалето, утре на турнирот ќе се играат и натпреварите за пласман:

за 3. место Охрид–Металург

за 5. место Прилеп–Бутел

за 7. место Струга–Еурофарм Пелистер 2.