ЕУ бара избори беа заплашувања и уцени

Амбасадорите на земјите членки на Европската унија во Македонија ги повикуваат лидерите и членовите на партиите, изборите да ги спроведат без уценувања, заплашувања и каков било вид на насилство и на начин кој нема да ги влоши меѓуетничките односи или да ја зголеми поларизацијата за време на изборната кампања.

Изборите во декември се можност земјата да направи нов почеток, да се обедини околу своите стратешки цели и да се врати на патот кон европската интеграција, се вели во заедничката изјава на амбасадорите.

„Ги охрабруваме политичките лидери, нивните партии и релевантните засегнати страни преку изборниот процес да ја покажат својата посветеност на демократските вредности и владеењето на правото, како и да покажат подготвеност за решавање на сите предизвици во земјата, стои меѓу другото во изјавата.

Сакаме, велат, да потсетиме на важноста од јасното одвојување на државата од партиските активности, пред, за време и по изборите. Ги повикуваме медиумите да им овозможат на граѓаните разновидни и објективни информации. Апелираме до сите државни институции да ја поддржат работата на Државната изборна комисија.

Само фер кампања и веродостојни избори кои ќе бидат потврдени од меѓународните набљудувачи, се вели во изјавата, ќе им даде на новата влада и парламентот силен мандат.