ЕУ досега извезе околу 200 милиони дози вакцини

ЕУ досега извезе околу 200 милиони дози вакцини, потврди потпретседателот на Европската комисија, Марош Сефковик.

„Отворени сме за разговори и предлози за нова солидарност, но наш приоритет е да го зголемиме производството на вакцини во ЕУ, но и да видиме дека другите не го блокираат извозот на своите вакцини и компоненти за нивно производство“, напиша Сефковик на неговиот профил на Твитер.

Како што пренесуваат странските агенции, ЕУ извезла околу 37 милиони повеќе вакцини отколку што дистрибуирала меѓу 27-те земји-членки на Унијата.