Масовни студентски протести во Белград / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC
Институциите на Европската Унија (ЕУ) внимателно ја следат актуелната внатрешнополитичка ситуација во Србија и големата мобилизација на студенти и други групи, изјави портпаролот на Европската комисија, Гијом Мерсие.
Мерсие потсети дека слободата на собирање е основно право на ЕУ, кое треба да се штити и спроведува на мирен начин и со целосно почитување на владеењето на правото и јавниот ред.
Нагласи дека учеството на граѓаните игра витална улога во развојот на здраво и демократско општество, вклучително и промовирање транспарентност и одговорност. Тоа, како што рече, се вредностите кои се основата на Европската Унија и кои Брисел очекува да ги прифатат сите земји кандидати.
Ги охрабри сите релевантни актери во Србија да ја решат ситуацијата преку дијалог и да се воздржат од ескалација.
„Сите политички актери треба конструктивно да се вклучат во меѓупартиски политички дијалог. Ова ќе овозможи вниманието и енергијата да се пренасочат кон завршување на реформите во клучните области на владеењето на правото и усогласување со правото на ЕУ со цел да се забрза процесот на приклучување на Србија кон ЕУ во интерес на српскиот народ“, додава портпаролот на Европската комисија.