ЕУ не е подготвена за нови преговори за Брегзит

ЕУ му порача на новиот британски советник за Европа Дејвид Фрост дека не е подготвена повторно да преговара за Брегзит.

Според портпаролката на Европската комисија Мина Андреева двете страни ги повториле своите позиции, откако Фрост вчера и денеска имаше повеќе средби со европски функционери.

Андреева рече дека британскиот премиер Борис Џонсон и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер ќе имаат „можност да разговараат“ за Брегзит во Франција на 24 и26 август, на маргините на самитот на Г7.