Ејпл работи на „самостоен“ паметен часовник

Ејпл работи на паметен часовник кој не ќе мора да се синхронизира со Ајфон, јави вчера Би-Би-Си.

Повикувајќи се на Блумберг, Би-Би-Си пишува дека новиот часовник директно ќе ги поврзува мобилните мрежи на ЛТЕ.

Компанијата веќе ги почнала преговорите со телекомуникациските компании во САД и Европа за да може производот на пазарот да појави кон крајот на оваа година.

Ејпл паметниот часовник го лансираше во 2015 година, но се уште не ги објави податоците за продажба.

Во еден неодамнешен повик на инвеститорите, шефот на компанијата Тим Кук рече дека нивниот часовник е најпродаван во светот.

Иако првично замислен како луксузен уред, Ејпл неодамна се фокусираше на употребата на паметен часовник во фитнес-центар. „Раздвојувањето“ од Ајфон ќе отвори цела низа на нови можности, како што се „симнување“ на песни во движење, дури и кога корисниците со себе немаат паметен телефон. Според Блумберг, новиот часовник ќе го произведува компанијата Интел.

Уредот би можел да се појави на пазарот неколку години откако ривалите на Ејпл, Самсунг и ЛЏ ги лансираа своите „самостојни“ паметни часовници.

Но, тие беа премногу големи за да влезат во масовна употреба, објави Би-Би-Си.