Жителите на Киев го напуштаат градот

LinkSense.mk

Жителите на Киев го напуштаат градот по почетокот на руските напади врз Украина.
Русија ја нападна Украина во текот на ноќта. Во меѓувреме, според советник во украинското Министерство за внатрешни работи, во регионот на Киев веќе има први жртви. Во Украина е прогласена воена состојба.

Њујорк Тајмс објави дека дека голем дел од нив се упатуваат на Запад, во деловите од земјата кои се блиску до Полска и трупите на НАТО.

Иако Украинците одбиваа да паничат пред да се случи инвазијата, откако почна руската агресија продавниците почнаа да се полнат со луѓе кои панично купуваат намирници.

Многумина чекаат во редици пред банкоматите за да ги извадат своите пари.