Забраната за движење не ја почитувале 28 лица

„Забраната за движење во периодот од 22 часот синоќа до 05 часот изутрината не ја почитувале 28 лица“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

За неносење лична заштита на лице, пак, регистрирани се 369 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19.