Завршни зборови на одбраната за „Труст“

LinkSense.mk

Предметот „Труст“, во кој првообвинет е бизнисменот Сеад Кочан, влегува во завршница. Денеска ги даде своите завршни зборови.

На минатото рочиште, на предлог на Специјалното јавно обвинителство, беа пуштени 10 необјавени разговори. повеќето од нив се меѓу ексдиректорот на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски, и поранешниот генерален секретар на владата, Кирил Божиновски.

Во еден од нив Чинговски и Божиновски се договараат како да ги задоволат и Сеад Кочан и Горан Иванов (Ѕинго), за добивање на тендерот на ЕЛЕМ.

Во друг разговор, Божиновски му вели на Чинговски дека за да го добие тендерот требало да има 27 камиони, а тој имал само 20.

„Да не зборуваме за цени, може нѐ прислушуваат“, Чинговски го предупредува Божиновски.

Во предметот „Труст“, Кочан и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и ВАТО се обвинети дека со фалсификувани документи учествувале на тендер на „Електрани на Македонија“ во вредност од 17 милиони евра.