Заев: Во 2020-та го испорачавме ветеното, 2021-ва година на квантен економски скок

И покрај сите предзивици со кои се соочивме, можам да кажам дека во 2020 година успеавме да им го испорачаме тоа што им го ветивме на граѓаните. Минатата, 2020-та, не научи да бидеме погрижливи, посолидарни и сплотени, покажа дека кога има криза најважно е да сме здружени. Затоа Владата беше фокусирана на поддршка на секој граѓанин на кој му е потребна потпора, 2020 покажа дека инклузивното креирање на политиките и водењето грижа за потребите на луѓето, носат стабилност и раст на економски план, рече денеска премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со министерот за финансии Фатмир Бесими. Оваа, 2021, напомена Заев, е година на рестарт и заживување. Кризата е можност и од нас зависи, порача премиерот, колку ќе ја искористиме. Клучни ќе бидат капиталните инвестиции за кои се проектирани 23 милијарди денари, инфраструктурата, енергетиката, дигитализацијата и земјоделството. Буџетот, подвлече премиерот, е избалансиран, одговорно планиран и кроен соодветно, за да одговори на предизвиците.
-И во време на пандемија, во консулатција со стопанските комори, синдикатите, академската фела и граѓанскиот сектор, обезбедивме ликвидност и опстанок на компаниите, задржувајќи ги вработените каде што е тоа можно. Македонската економија е стабилна, жива и динамична, не дозволивме потрошувачката да запре, а тоа е можно сако ако добро се планира и ако брзо, соодветно и паметно се реагира. Ефектите се видливи. На економски план, се покажа дека борбата за спас на работните места е најправилната и најчовечната стратегија, подвлече Заев.
Премиерот најави дека овој месец ќе се одвива дебатата за креирањето на следните економски пакет-мерки, а во февруари ќе се носат мерките за 2021 година.
-По божиќните празници ќе почне дебатата со сите релевантни чинители, за да се димензионираат следните пакети за помагање. Околу 10 јануари ќе се согледаат сите аспкети за здравственото влијание на кризата, а преку тоа и економските последици. Очекуваме во јануари да се развие дебатата, а во февруари ќе се носат мерките. Сакам да ве уверам дека Владата долг период работи на создавање услови за излез од кризата која треба да се искористи како неповторлива, уникатна можност за економски скоск.
Се што имаме како ресурс да се стави во функција на развој, а конечниот импакт да биде стандардот на граѓаните. Се што е потенцијал, ќе се стави на располагање, а доминантна ќе биде енергетиката, потенцира Заев.
Презентирајќи ги бројките, Заев посочи дека вкупните даночни приходи во 2020 година се релализирани во износ од 189,8 милијарди денари или 96,7 отсто од планираното, директините даноци имаат остварување од 99,5 отсто што е раст од 2,3 проценти споредено со 2019 година. Позитивен тренд од јануари до декември бележат и придонесите кои достигнаа 102 отсто или два процента повеќе од планираното. Вкупните расходи на Буџетот се 243,7 милијарди денари или 96,4 отсто од годишно планираниот износ. Стоките и услугите се намалени за 85 проценти од ребалнсот или за пет отсто помалку од 2019 година, што е доказ за штедливото однесување на трошењето на јавните пари. Позитивни бројки се бележат и кај капиталните расходи кои во 2020 година изнесуваа 16,1 милијарда денари или 82 отсто од планираната реализација. Годината ја завршивме со буџетски дефицит од 53,9 милијарди денари или 8,1 отсто од проектираниот БДП.
Премиерот Заев ја повика опозицијата да го поддржи најголемиот проект, за клиничкиот центар.
– Ја повикувам опозицијата да го поддржат најголемиот проект, за клиничкиот центар, таму личи да застанеме сите заедно, сите етнички заедници, законот е во Собрание, нашиот предлог е опозицјата да има контролна улога на проектот, но народот сака да не види заедно, истакна Заев.
И министерот за финансии, Бесими рече дека 2020 година беше исклучително тешка. Се случи најголемата економска и здравствена криза на светско ниво. Падот на БДП за 2020 е околу 4,4 отсто или, како што рече, скоро 11 пати е повеќекратен ефектот. Но, задржувањето на работните места и конкурентноста на компаниите останаа во фокусот на фискалните политики. Прватниот сектор и веруваше на Владата и инвестираше, рече Бесими и додаде дека очекува и годинава да биде тешка и полна со предизвици.